Намалени шансите за спасување на морнарите во Индија

Се намалуваат шансите за пронаоѓање на преживеани по експлозијата на подморница со 18 морнари во Мумбаи. „Се надеваме на најдоброто но го очекуваме најлошото“, изјави шефот на индиската морнарица Д.К. Јоши. Причината за експлозијата е непозната а нуркачките екипи не можат да влезат во подморницата за да ги спасат морнарите. Медиумите јавуваат дека подморницата неодамна била вратена од Русија каде била на поправки.