Доктори без граници се повлекува од Сомалија

Меѓународната организација Доктори без граници соопшти дека прекинува со активностите во Сомалија поради тоа што членовите на групата се честа мета на напади. Во соопштението е наведено дека повлекувањето на мисијата се должи на зголемени ризици за работа. Ваквата одлука негативно ќе се одрази на илјадници лица во сиромашниот регион на кои им е потребна медицинска грижа.