Меркел: На Грција и треба време за излез од кризата

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека на Грција треба да и се даде повеќе време за излез од финансиската криза. Меркел во телевизиско интервју изјави дека јакнењето на конкурентноста меѓу европските земји е важен фактор за создавање стабилна и просперитетна Европа. Германската канцеларка додаде дека солидарноста со земјите кои се соочуваат со економска криза се важен фактор за решавање на проблемите.