Различни информации за бројот на загинати во Каиро

Различни проценки се објавуваат во врска со бројот на загинати во Каиро во интервенцијата на полициските сили за растурање на камповите на подржувачите на отстранетиот претседател Мухамед Морси. Муслиманското братство процени дека стотици невооружени демонстранти биле убиени, додека од министерството за здравство соопштија дека 13 лица загинале а 67 се повредени. Според државната институција, петмина од загинатите се полицајци. Европската унија и Германија апелираа до сите страни да се воздржат од насилство.