Загинати во експлозијата на индијската подморница

Индијскиот министер за одбрана А.К. Ентони изјави дека имало загинати во подморницата која се запали и потона во пристаништето во Мумбаи. Тој не прецизира колку луѓе го загубија животот. Индијската подморница од руско производство со 18 членови на екипажот се запали и експлодира, а причината за несреќата се уште не е позната. Оваа подморница пред една година била ремонтирана во Русија.