Потврдено киднапирање на пратеничка во Авганистан

Авганистанските власти потврдија дека пратеничката во парламентот Фариба Ахмади Какар била киднапирана во текот на викендот кога патувала во централната провинција Гази. Се прецизира дека во операција на безбедносните сили биле ослободени нејзините три деца, но не и пратеничката, бидејќи таа била држена на друга локација. Локалната полиција соопшти дека киднаперите бараат ослободување на четворица талибански затвореници. Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека тој немал никакви информации за киднапирањето на пратеничката.