МКГ: Вашингтон и Техеран да преговараат зад затворени врати

Меѓународната кризна група смета дека Вашингтон треба да одржи приватни разговори со Техеран за нуклеарната програма на Исламската република. Според организацијата базирана во Брисел, директните разговори зад затворени врати би обезбедиле поголема флексибилност за постигнување договор, што не е случај кога Иран преговара со претставници на шестте светски сили. Во извештајот на групата се додава дека за ефикасни преговори потребно е да се прекине со санкциите против официјален Техеран.