Издаден налог за апсење на рускиот бизнисмен Полонски

Руски судија издаде меѓународен налог за апсење на контроверзниот руски бизнисмен Сергеи Полонски. Тој се сомничи за измама а неговиот адвокат Диана Татосова изјави дека Полонски се наоѓа во Израел каде на состанок во министерството за внатршни работи разговара за неговото барање за државјанство. Бизнисменот ќе биде уапсен доколку се врати во Русија под обвиненија за затајување на данок.