Кери бара поумерена палестинска реакција

aмериканскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери побара од палестинците да не реагираат многу неагитивно на израелската најава дека ќе продолжи изградбата на еврејски населби во Источен Ерусалим и Западниот Брег. За време на посетата на Колумбија, Кери потенцира дека и на палестинците и на изаелците им е е неопходно да ги продолжат преговорите. Претходно, официјален Вашингтон изрази загриженост за израелското одобрување за градење над илјада нови домови за еврејски доселеници. Вашингтон страхува дека тоа може да го наруши блискоисточниот мировен процес. Новата рунда преговори е закажана за утре во Ерусалим.