Путин во посета на Азербејџан

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе отпатува во официјална посета на Азербејџан. Кремљ најави дека Путин ќе се сретне со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев и ќе учествува на обемни дискусии.
Од кабинетот на Путин велат дека за посетата се подготвуваат шест билатерални договори. Засега не се знае за што точно ќе се потпишуваат договорите, кои наводно се однесуваат на прашања од областа на енергетиката.