Путин утре во официјална посета на Азербејџан

Рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува во официјална посета на Азербејџан во вторник. Кремљ најави дека Путин ќе се сретне со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев и ќе учествува на расправа за границите. Од кабинетот на Путин велат дека за посетата се подготвуваат шест билатерални договори. За сега не се знае за што точно ќе се потпишуваат договорите, кои наводно се однесуваат на прашања од областа на енергетиката.