Нови обвинувања меѓу Индија и Пакистан за Кашмир

Индиски воен командант тврди дека трупите на Индија реагираат на непровоциран напад на пакистанските вооружени сили во спорниот регион Кашмир. Тврдењето следи по обвинувањата на Пакистан дека цивил бил убиен во напад на индиските вооружени сили во граничната област. Пакистанската војска соопшти дека индиските војници отрвориле оган кон три локации покрај де-факто границата. Тензиите околу спорниот регион се разгореа на 6 август кога припадници на индиска воена патрола беа убиени во заседа. Њу Делхи ја обвини пакистанската војска за инцидентот, по кој се проблематизира десетгодишното примирје меѓу двете земји.