Поддржувачите на Морси им пркосат на заканите

Поддржувачи на соборениот исламистички египетски претседател Мухамед Морси и во текот на изминатата ноќ продолжија со нивниот протест со седење во Каиро. Тие се уште ги држат своите позиции во два протестни кампови и покрај тоа што безбедносните сили се заканија дека денеска ќе ги преселат. По ноќта помината во молитви и политички говори, демонстрантите утрово извикувале слогани наспроти заканата дека протестот ќе биде скршен. Безбедносните сили поставиле кордони во обид да спречат да се собираат повеќе демонстранти. Министерството за внатрешни работи изјави дека се подготвуваат за потенцијалните судири. Официјални лица претходно изјавија дека постепено ќе преземат мерки за да ги растераат демонстрантите, односно прво ќе издадат предупредувања и ќе користат водени топови и солзавец за да се минимизира бројот на жртвите. Повеќе од 250 лица се убиени во улични судири, откако Морси беше соборен од страна на египетската армијата на 3 јули.