Египетската војска убила милитанти во Синај

Најмалку 25 милитанти се убиени или повредени на Синајскиот полуостров, соопштува египетската армија. Воени хеликоптери отвориле оган додека милитантите држеле состанок. Портпаролот на војската изјави дека операцијата се случила во северниот дел на Синај во текот на изминатата ноќ. Милитантите ги засилија нападите, главно таргетирајќи египетски безбедносни сили, откако Армијата го собори исламистичиот претседател.