Ал Каеда во Ирак одговорна за нападите на Рамазан

Организацијата „Исламска држава Ирак и Левант“ што е дел од Ал Каеда во Ирак ја презеде одговорноста за бранот бомбашки напади за време на Рамазан Бајрам во саботата во кои загинаа 74 луѓе, а стотици беа ранети. Повеќето од нападите беа во кафулиња, пазари и во близина на џамии во шиитските области. Пред неколку недели Ал Каеда нападна затвори во близина на Багдад при што избегаа стотици затвореници, вклучително и милитанти. Вчера загинаа уште деветмина Ирачани во насилствата низ земјата.