Тројца Кинези убиени на приватна забава во Авганистан

Илустрација: Кабул.

Авганистанската полиција соопшти дека тројцата кинески државјани, две жени и еден маж, што беа пронајдени мртви оваа недела во стан во Кабул, биле застрелани на приватна забава. Заедно со Кинезите бил пронајден и еден убиен Авганистанец. Други двајца Кинези биле киднапирани од станот од страна на вооружените напаѓачи, но едниот подоцна бил пронајден жив. Државната кинеска новинска агенција Ксинхуа објави дека тројцата убиени работеле за мала приватна фирма во Авганистан. Засега не се соопштува мотивот за убиствата.