Најмалку 22 луѓе загинале во поплавите во Авганистан. Од тамошниот центар за управување со катастрофи соопштуваат дека поројните дождови и град предизвикале поплави во ниските предели на Кабул и провинциите Парван, Каписа и Пактиа. Меѓу загинатите има и шест деца. Поплавите уништиле десетици домови, џамии и голем дел од обработливо земјиште. Повеќе од 60 лица загинаа минатата недела во поплавите во источниот дел на Авганистан.