Зимбабве негира дека има таен договор за ураниум со Иран

Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе.

Властите во Зимбабве ги негираат написите на британските медиуми дека оваа африканска држава има потпишано таен договор за ураниум со Иран. Во соопштението од Министерството за рударските работи се наведува дека Зимбабве го отфрла како „злонамерен и лажен“ извештајот на весникот Тајмс. Во изјава за весникот, заменик министерот за рударство на Зимбабве Гифт Чиманикире признава дека видел договор за снабдување со ураниум на Иран. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад го посети Зимбабве во 2010 година. Тогаш иранската нуклеарна програма доби поддршка од долгогодишниот владетел на Зимбабве Роберт Мугабе.