Владата ќе отвора регионални советувалишта за семејство и брак

Со регионални советувалишта за семејство и брак, владата ќе пружа бесплатна стручна и професионална помош за семејства со проблеми во функционирањето, семејства во услови на социјален ризик, но и за сите аспекти од семејниот живот. Според програмата предвидено е да се отворат 11 советувалиша во сите поголеми градови во земјата, а тие центри ќе треба да ги опфаќаат и опфаќал и жителите на помалите населени места кои гравитираат кон нив. Носител на овој проект е Министерството за труд и социјална политика, а регионалните советувалишта ќе се отвораат етапно од септември.