Вашингтон ги осуди бомбашките напади во Ирак

Вашингтон ги осуди извршителите на вчерашните смртоносни бомбашки напади во Ирак, нарекувајќи ги „непријатели на исламот.“ Американскиот Стејт департмент ги опиша како „кукавички напади“, бомбашките напади на кафулиња и пазари во Багдад за време на празникот Рамазан. Ирачките официјални лица соопштија дека во текот на вчерашниот ден низ целата земја биле убиени најмалку 69 луѓе. Нападите доаѓаат само неколку недели по нападите од страна на Ал Каеда на затворите во близина на Багдад при кои беа ослободени стотици милитанти. Вашингтон повтори дека ќе даде награда од 10 милиони долари за лидерот на Ал Каеда во Ирак, кого го товарат за низа бомбашки напади во земјата. САД смета дека Абу Бакр ал-Багдади сега е засолнет во Сирија.