Средба Иванов - Вујановиќ во Котор

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов вчера имал средба со црногорскиот колега Филип Вујановиќ во Котор. Двајцата претседатели разменилеа мислења и информации за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка, како и за процесот на евроатланските интеграции, соопштија од Кабинетот на Иванов. Од таму велат дека во текот на разговорите било изразено задоволство од традиционално блиските и одлични политички односи меѓу двете земји.

Македонскиот претседател Иванов престојува во Црна Гора на покана на претседателот Вујановиќ.