Авганистанските сили убиле или заробиле 200 милитанти

Повеќе од 200 милитанти се убиени или заробени, како резултат на двонеделната воена операција лансирана од страна на авганистанските безбедносни сили во источниот дел на земјата, соопшти авганистанското Министерство за одбрана. Од Министерството соопштија дека во операцијата која започна на 25 јули загинале и 11 авганистански војници. Авганистанките власти велат дека меѓу заробените и убиените милитанти имало и Чеченци, Пакистанци и Арапи кои се бореле рамо до рамо со Талибанците.