Кери: САД и Русија се уште имаат заеднички интереси

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Вашингтон се уште има заеднички интереси со Русија и покрај влошените односи меѓу двете земји. Пред почетокот на разговорите со рускиот министер за надворешни работи и министерот за одбрана на Русија во Вашингтон , Кери рече дека билатералните односи меѓу двете земји се соочени со „предизвикувачки моменти“. Рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров рече дека потребно е сите да соработуваат како возрасни луѓе. „Токму тоа се обидуваме да го направиме и се надевам дека напорот ќе биде взаемен“, додаде Лавров. Билатералните односи меѓу Русија и САД се затегнаа откако официјална Москва му одобри азил на поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, кој обелодени детали за американските тајни надзорни програми.