Барање за разјаснување на руските анти-геј закони

Меѓународниот олимписки комитет од Русија побара разјаснување на анти-геј законите кои фрлија сенка на подготовките на Зимските олимписки игри во рускиот град Сочи. Претседателот на Комитетот Жак Рож на прес конференција во Москва рече дека покрај уверувањата од организаторите, сепак ќе биде потребно разјаснување на одредени работи. Контроверзното законско решение, за кое претседателот Владимир Путин потпиша указ, забранува „пропаганда на нетрадиционални сексуални односи“ и предвидува казни за организатори на геј паради.