Десетици повредени во протестите во Кашмир

Најмалку 19 полицајци и десетици граѓани се повредени во протестите во Сринагар, главниот град на индискиот дел на Кашмир, регион поделен меѓу Индија и Пакистан. Индиските безбедносни сили употребуваат солзавец и гумени куршуми за растерување на илјадниците Муслимани кои протестираат во градот. До демонстрациите за отцепување на Кашмир дојде по молитвите по повод муслиманскиот празник Бајрам. Индија и Пакистан веќе водеа две војни за спорниот регион.