Протести за отцепување на Кашмир од Индија

Индиските безбедносни сили употребиле солзавец и гумени куршуми за да ги растераат илјадниците муслимани кои денеска протестираа во Шринагар, главниот град на индискиот дел на Кашмир кој е поделен меѓу Индија и Пакистан. Двете земји веќе водеа две војни за Кашмир. До протестите за отцепување на Кашмир дојде по денешната молитва по повод муслиманскиот празник Бајрам.