Пакистан: најмалку 30 загинати во бомбашки напад

Најмалку 30 лица биле убиени во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан. Инцидентот се случил на погреб на полициски службеник. Пакистанската полиција соопшти дека во нападот исто така биле повредени 50 лица. Најголем дел од убиените и повредените се полицајци. Одговорноста за нападот ја презедоа пакистанските талибанци.