Заробен војник од Нагорно Карабах

Азербејџанските сили наводно заробиле ерменски војник, припадник на одбрамбените сили на сепаратистичката територија Нагорно Карабах. Министерството за одбрана на непризнаената република на Нагорно Карабах соопшти дека војникот се изгубил и залутал во азербејџанска територија. Во изјавата се додава дека 22 годишниот војник исчезнал рано утрово.