Oдбележана 12 годишнината од Карпалак

Со бројни манифестации во Прилеп се одбележа 12 годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак кога во заседа на патот Скопје - Тетово загинаа 10 прилепски резервисти. Главното чествување беше напладне пред споменикот на бранителите во центарот на Прилеп, каде што свежи цвеќиња положија членови на владина делегација предводена од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, претставници од Кабинетот на претседателот на државата и од Министерството за одбрана. Обраќајќи им се на присутните министерот Миле Јанакиески рече дека болката за бранителите не се смалува и по 12 години, а нивното дело останува вечно.