Фрај: Путин да не добие одобрение од цивилизираниот свет

Британскиот актер и писател Стивен Фрај побара на Русија да и се одземе правото да ги организира Зимските олимписки игри во Сочи поради законите против хомосексуалците. Фрај, кој е активист за геј права, испрати писмо до британскииот премиер Дејвид Камерон и Меѓународниот олимписки комитет со барање да не му се дава на рускиот претседател Владимир Путин „одобрение од цивилизираниот свет“. Коментарите на Фрај следат откако во Русија беа донесени закони со кои се забранува т.н. пропаганда на нетрадиционални сексуални односи.