Државниот долг на Црна Гора - 50 отсто од БДП

Државниот долг на Црна Гора на крајот на јуни изнесувал речиси 1,77 милијарди евра, или 50,1 отсто од проценетиот бруто домашен производ, соопшти Министерството за финансии во Подгорица. Буџетскиот дефицит за првите шест месеци од годинава изнесувал 79,6 милиони евра. Од Министерството соопштуваат дека нето приливот на директни странски инвестиции во периодот од јануари до крајот на мај изнесувал 112,12 милиони евра, односно за 5,5 отсто помалку во однос на истиот период минатата година.