Блокирани над 60.000 хрватски фирми

Податоците на Хрватската Финансиска агенција (ФИНА) покажуваат дека на крајот на јуни во Хрватска поради неподмирени обврски биле блокирани 64.678 деловни субјекти со вкупен долг од 36,74 милијарди куни, односно 4,9 милијарди евра. Според податоците на ФИНА, блокирани биле и сметките на 262.657 граѓани со вкупен долг од 20,22 милијарди куни, односно 2,7 милијарди евра. Долговите на деловните субјекти се поголеми за 0,1 отсто во однос на мај, додека долговите на граѓаните се поголеми за 2,6 проценти во однос на претходниот месец.