Неколкумина повредени во пожар во Наjроби

Неколкумина лица биле пренесени во болница поради вдишување чад на аеродромот во Наjроби. Пожарот изби во салата за меѓународни пристигнувања и уништи дел од покривот. На пожарникарите им беа потребни неколку часа за да го стават пожарот под контрола. За сега не се знае до кога ќе биде затворен најголемиот аеродром во Африка.