Северна Кореја нуди повторно отворање на индустриската зона Кесонг

Северна Кореја денеска соопшти дека повторно ја отвора индустриската зона Кесонг за заедничка работа со Јужна Кореја и предложи нови разговори за нормализација на функционирањето на таа зона. Пјонгјанг исто така соопшти дека има ја гарантира безбедноста на јужно-корејците кои ќе ја посетата индустриската зона Кесонг. До ваквото соопштение дојде на само 90 минути откако Јужна Кореја соопшти дека ќе ги обештети фирмите кои работеле во заедничката индустриска зона и оти се размислува за нејзино затворање.