Крвав фудбалски натпревар во Пакистан, загинаа 11 деца

Најмалку 11 лица загинале, а повеќе од 20 се повредени во експлозија на фудбалско игралиште во Пакистан. Според претставник на полицијата, бомба која се наоѓала на еден мотоцикл, експлодирала во близина на автомобилот на регионалниот министер Џавед Нагори, кој го гледал натпреварот меѓу два локални детски тима. Нагори останал неповреден.
Убиените биле деца на возраст од 6 до 15 години, а според болнички извори, неколку повредени лица се во критична состојба.