Рохани: Техеран е подготвен да разговара за нуклеарната програма

Претседателот на Иран Хасан Рохани изјави дека Техеран е подготвен за сериозни преговори за спорната нуклеарна програма на Исламската република. Претседателот ја даде изјавата на првата прес конференција по превземање на лидерската функција. Рохани смета дека спорот може да се реши ако сите страни имаат политичка воља. Тој додаде дека со конструктивна интеракција може да се постигне вин-вин ситуација. Новиот шеф на државата рече дека Соединетите американски држави до сега испраќале нејасни сигнали до Техеран и забележа дека меѓународните санкции се контрапродуктивни.