Намалена затворската казна на Ходорковски

Рускиот врховен суд му ја намали затворската казна на Михаил Ходорковски за два месеци, по жалба на адвокатите на бизнисменот. Согласно одлуката на судот, тој треба да биде ослободен во месец мај 2014 година. Ходорковски е поранешен извршен директор на гигантот за нафта Јукос и пред неговото апсење во 2003 година, тој се сметаше за најбогатиот човек во Русија.