Аукција за недвижности под хипотека во Грција

Властите во Грција објавија на аукција недвижен имот чии сопственици не успеваат да ги плаќаат хипотекарните кредити поради економската криза, пишува весникот „Епикера“. Наддавањето ќе се организира за 15 илјади живеалишта, за кои од 2008 година досега не се направени никакви уплати по хипотекарните кредити. Според планот на Министерството за равој од наддавањето се исклучени сопствениците на имоти кои се невработени и со повеќе деца, како и инвалидите и хронично болните. Помилување ќе има за тие што се обиделе да уплатат и мал дел од ратите од кредитите.