Бунтовници во Балуџистан убиле 14 луѓе

Бунтовниците во пакистанската провинција Балуџистан денеска убиле 14 луѓе, откако го запреле нивниот автобус на еден лажен контролен пункт, соопштија локалните власти. Нападот се случил на 70 километри југоисточно од Кета, главниот град на провинцијата во која постои силно сепаратистичко движење.