САД побараa американците веднаш да го напуштат Јемен

Официјален Вашингтон ги повика американските граѓани веднаш да го напушат Јемен. Претходно јеменската државна новинска агенција Саба јави дека во напад со беспилотно летало биле убиени четворица припадници на Ал Каеда. До ова доаѓа откако Соединетите држави и неколку европски земји привремено ги затворија нивните амбасади во Северна Африка и на Блискиот Исток поради терористички закани. Според разузнавачки информации, биле пресретнати пораки од лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири до Насир ал Вухаиши, неговиот заменик во Јемен, за планирани големи терористички напади.