Веб камера на гробот на Енди Ворхол

Денеска се одбележува 85 роденден на прославениот Енди Ворхол. Како дел од одбележувањето, Музејот Енди Ворхол покрена проект за живо следење на интернет од неговиот гроб. Проектот е наречен „Фигмент“, односно „Измислица“, како што стои на неговата надгробна плоча на гробиштата во Питсбург. Енди Ворхол кој почина во 1987 година е американски сликар, графичар, филмски работник, најзначен претставник на поп-артот во светот и култна личност од 60-ите години на минатиот век. Беше менаџер и духовен водач на музичката група „Велвет андерграунд“.