Западните амбасади затворени поради закани од Ал Каеда

Британската амбасада во Јемен

Западните новински агенции јавуваат дека пораките од страна на лидерот на Ал Каеда се причината поради која САД и неколку европски нации привремено ги затворија амбасадите во Северна Африка, Блискиот Исток и други земји. Предводникот на безбедносниот комитет Мајкл Меккол изјави дека заканите се едни од најуверливите од нападот во септември 2011 година. Наводно лидерот на Ал Каеда Ајман ал Завахрири испратил пораки до неговиот заменик во Јемен за спроведување на големи терористички напади.