Руската влада против рок група поради уништување на знаме

Руското министерство за внатрешни работи отпочна кривична истрага за уништување на државно знаме откако член на американската рок група „Бладхаунд Генг“ напика руско знаме во гаќи за време на концерт во Украина. Согласно руските закони, омаловажување или уништување на државното знаме се казнува со една година затвор. Претходно, американскиот амбасадор во Русија Мајкл МекФаул преку социјаните мрежи ја опиша постапката на рокерот како грозна. По инцидентот, бендот мораше да го откаже концертот во Русија.