Приведени двајца активисти во Белорусија

Двајца активисти од белоруската организација Висана беа приведени во Минск поради делење флаери со фотографија на лидерот на организацијата кој е во затвор. Алес Бјалјатски е во затвор од 2011 година за наводно затајување на данок. Тој учествуваше во формирањето на опозицискиот белоруски Народен фронт. Неговите подржувачи велат дека обвиненијата се со политичка позадина.