Жерновски најави првични наоди од ревизијата на Скопје 2014

Градоначалникот на скопската општина Центар за идната недела најави објавување на прелиминарните резултати од ревизијата на проектот „Скопје 2014“ на територијата на општината. Целосната ревизија, согласно најавите ќе биде презентирана за три месеци. Градоначалникот повтори дека покрај тоа што не го подржува мега-проектот на власта, нема намера да руши. Жерновски додаде дека општинската администрација била соочена со силни протисоци, имајки предвид дека биле испратени 26 инспекции за 60 дена.