Продолжуваат поројните дождови во Пакистан и Авганистан

Жителите на Пакистан се подготвуваат за нови поројни дождови откако по монсунските дождови и поплави викендов загинаа најмалку 30 луѓе. Во меѓувреме, хуманитарна помош беше дистрибуирана во источен и југоисточен Авганистан, каде што поројните дождови предизвикаа смрт на најмалку 59 лица и уништување на куќи во девет провинции. Властите во двете земји соопштиа дека се плашат од повеќе смртни случаи, бидејќи десетици луѓе се уште се водат за исчезнати. Најтешко погодените област досега беше провинцијата Суроби во Кабул каде се потврдени 35 смртни случаи. Клучните патишта во Карачи се блокирани, а многу жители останаа без електрична енергија.