Триесет жртви на поплавите во Пакистан

Најмалку 30 лица загинале по обилните монсунски дождови кои предизвикаа поплави и паѓање на покриви во Пакистан. Повеќе од единаесет луѓе загинаа во северозападниот дел на покраината Кибер. Официјални лица соопштија дека шест лица загинале во јужната провинција Балочистан, кога поради обилните врнежи ѕидот на една фабрика се распаднал. Дождовите и поплавите исто така предизвикале штета на стотици куќи во тие области. Пакистан претрпе катастрофални поплави во последните три години. Најлоша во историјата на земјата беше во 2010 година кога во поплавите загинаа речиси 1.800 луѓе.