Шеснаесет повредени во експлозија во Авганистан

Шеснаесет лица се повредени во силна експлозија во источниот авганистански град Џалалабад. Бомбардирањето следи по смртоносниот самоубиствен напад врз индискиот конзулат во истиот град вчера. Локалните власти изјавија дека бомбата експлодирала во центарот на градот Џалалабад кога оттука поминувало возилото на државниот обвинител Абдул Ќаум. Според првичните извештаи обвинителот, три од неговите телохранители и 12 цивили се повредени во нападот. Меѓу ранетите имало и жени и деца. Во нападот на индискиот конзулат во Џалалабад вчера загинаа девет цивили. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.