Избран нов претседател на авганистанската изборна комисија

Авганистанската независна изборна комисија го избра Јусуф Нуристани за нејзин нов шеф. На денесшните избори, комисијата прв пат гласа за свој претседател, а во насока на зацврстување на нејзината независност. Претходно шефот на комисијата беше директно назначуван од страна на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Нуристани изјави дека е оптимист оти Изборната комисија ќе биде во можност да го подготви поголемиот дел од земјата за претстојните избори во 2014 година и покрај континуираната загриженост за безбедноста во некои региони. Тој изјави дека во некои области Владата ја губи контролата, но дека има уште осум месеци до изборите, а авганистанските безбедносни сили се се повеќе обучени и опремени.