Кина бара нова политика за планирање на семејството

Кина и понатаму се двоуми дали да се откаже од праксата која на повеќето парови им забранува да имаат повеќе од едно дете, објави дневниот весник Чајна Дејли. Портпаролот на Комисијата за национално здравје и планирање на семејството, Мао Куан изјави дека се уште се размислува дали ќе биде укинато правилото две деца да моќат да имаат само оние парови во кои и двата родитела се единци. Тој соопшти дека населението во Кина е многубројно и како такво претставува оптоварување за земјата која се соочува со големи економски проблеми. Сепак додаде дека комисијата се уште размислува како да ја подобри политиката за планирање на семејство во Кина. Според зборовите на Куан, за тоа е потребно да се земе предвид социјалниот и економскиот напредок и промените во структурата на населението.